Познавање на вашата група на клиенти и посетители
Прво, важно е да имате јасна идеја за тоа што сакате да направат вашите клиенти кога ќе дојдат на вашата веб страна. Без разлика дали тоа е купување, отворање на профил или пополнување контакт формулар за прашање за вашите услуги или производи, ова е првото прашање на кое треба да имате одговор пред да започнете да креирате содржина за вашата веб страна. Исто како што треба да знаете што сакате да постигнете, добро е точно да претпоставите кои се деомграфските карактеристики на публиката која ќе ја посетува вашата веб страна за да ја приспособите содржината и да ја на разбирлив начин.

Приоритет: мобилна верзија на веб страната
Над половина од сообраќајот на веб страните ширум светот доаѓа од мобилни уреди, заради што дизајнот и изгледот на веб страната е важно да бидат привлечни за посетителите.
Затоа, прво прилагодете ја должината на содржината на вашата веб страна за да одговара на екран на мобилен или таблет. Пред неколку години беше тренд прво да се направи дизајн за мобилен и да се креира втор дизајн за веб страна што одговара за екраните на десктоп компјутерите. Сепак, со порастот на мобилни уреди, содржината сега се оптимизира и за мобилни урееди и за поголеми екрани, а дизајнерите креираат само една веб страна која лесно се прилагодува за сите големини. За некои бизниси сеуште е покорисно да се направи десктоп верзија а потоа за мобилни уреди. Важно е да се разбере профилот на корисникот на веб страната, каков уред најчесто користи.
Дизајнот за мобилните уреди обично подобро изгледа со пократок текст. Заради навиката за скролање по екраните на мобилните уреди (смарт телефоните и таблетите), нема ограничување на висината на веб страната. Ширината на екранот на овие уреди го прави едноставниот формат на содржината многу полесен за користење. Заради недостатокот на простор, содржината е многу поконцентрирана на мобилните уреди, што значи дека бизнисот треба да ги вклучува само најважните елементи. Текстовите треба да се пократки, а повиците за акција почести и подолги. Од друга страна, видео содржината која е од огромно значење за десктоп уредите, не е толку лесно да се вметне во мобилната верзија (наместо видео, подобро е да се постави статична слика).
Содржина на почетната страница
Докажано е дека просечното време што луѓето го поминуваат на веб страни е околу 45 секунди, што значи дека видот на содржината што ја имате на вашата веб страна треба да биде внимателно избрана. Почетната страница е првото нешто што посетителот ќе го види кога ќе пристигне на вашата веб страна и нејзината цел е лесно да ги насочи луѓето на вистинското место за да го претвори времето поминато на веб страната во продажба.
Почетната страница треба да биде јасна и концизна со линкови што ги водат посетителите до страници кои или продаваат, информираат или генерираат подолго време поминато на страната. Поради оваа причина, привлечните наслови и визуелни слики се докажан начин да го привлечете вниманието и да ги натерате посетителите да кликнат на следниот дел од вашата страна. Не постои подобар начин да се продаде нешто, без разлика дали тоа е услуга или производ, од тоа да им се даде визуелна слика за да им се покаже што е тоа што би можеле да го имаат кога ќе купат од вашиот бизнис.
Кај повеќето веб страни навигацијата е на врвот на почетната страница и останува на истата позиција на секоја страница низ веб страната. Навигацијата на врвот е серија од линкови до клучните страници и со самото кликнување на нив се води до страници за купување или информации. Содржината додадена на навигацијата треба да биде лесна за разбирање, со цел на посетителите да им биде јасно и разбирливо за сè што се нуди на вашата веб страна. Навигациите треба да вклучуваат и линкови до социјалните мрежи и блогот – и двете се клучни области на содржина за генерирање на подолго време поминато на веб страни и зголемување на ангажманот на посетителите.
На располагање имате бесплатна пробна верзија од Far Cry 6 така да доколку сеуште не сте ја пробале оваа FPS игра, сега нема што да изгубите. Ветераните, пак, конечно можат да започнат нова игра, значително потешка, но со сите оружја и опрема пренесени од првата игра. На располагање имате и водич кој ви сигнализира што имате пропуштено.
Лендинг страници
Лендинг страници во суштина се под-верзија на вашата почетна страница и ви дозволуваат да ја категоризирате содржината на вашата веб страна за посетителите да можат брзо да го најдат она што им треба без да читаат или гледаат сè друго.
Лендинг страници обично се поврзуваат со горната навигација, како и со содржинските точки на почетната страница кои треба да бидат визуелно добро позиционирани или да користат пократки, попривлечни наслови.
Целта на лендинг страниците со вкрстено поврзување на содржини од веб страната е да се задржат сите посетители на вашата веб страна, без разлика дали се таму за да прелистуваат или имаат точна намера за нивната посета на вашата веб страна. На пример, во горната навигација може да се вклучи линк до страницата „За нас“ која е корисна за луѓето што ја истражуваат вашата компанија или новите посетители на страната.
Сепак, клиентот што повторно се враќа нема потреба да ја чита целата оваа содржина и може само да кликне веднаш на страницата „Купи сега“ за побрзо да стигне до саканата дестинација.
Блогови
Блоговите станаа неверојатно ценет тип на содржина за сите брендови бидејќи ви овозможува да ја одржувате вашата содржина релевантна и да пишувате содржини со подолги форми што не заземаат простор на вашата веб страна. Објавите на блогот се клучна област за содржина каде што можете да ангажирате клиент, а потоа да го однесете посетителот назад до веб страната со што ќе добиете поголем сообраќај и повеќе шанси за продажба. Блоговите се сметаат за тип на „мамка за кликнување“ што може да се користи на социјалните и маркетинг платформи со цел да се генерира надворешен сообраќај назад кон вашата веб страна.
Подолгите блог статии му даваат доверба на посетителот во вашето знаење и ви овозможуваат да станете авторитет во вашата дејност. Со оглед на тоа што посетителите трошат само малку време на вашата веб страна, објавата на блог текстови е одличен начин да го зголемите времето поминато на страната, а исто така се и платформа за да дадете повеќе информации за вашиот бренд.
Изјави од клиенти – препораки
Ако нудите услуга, изјавите од вашите клиенти – препораките (testimonials) се сигурен начин да се изгради кредибилитет кај потенцијалните клиенти бидејќи се потврда за вашиот бизнис од ваши претходни клиенти со нивните успешни приказни.
Препораките може да бидат поставени на посебна страница каде со слика и кратка изјава го потвртдуваат вашиот квалитет. Можат и да се разместат на различни места на други страници на веб страната.
Покрај вклучувањето на препораки од клиенти, важно место на вашата веб страна е и можноста за оставање на критики и препораки од посетителите.
Leave A Comment