Какви видови посетители постојат?
Кога се пристапува кон онлајн сообраќај, важно е да се направи разлика помеѓу два главни типа на корисници. Првиот тип се оние посетители кои направиле некаква интеракција со вашата веб страна со тоа што купиле нешто, ви се јавиле, оставиле контакт, прашање…. Вториот тип се оние кои само влегле, ја разгледале веб страната и си заминале.
Процентот на посетители што конвертираат (што значи дека ја исполнуваат посакуваната цел, како што е резервација на услуга или купување) е вашата стапка на конверзија. Процентот на посетители кои влегуваат на страницата, а потоа заминуваат („отскокнуваат“ – bounce), наместо да продолжат на други секции на страницата – тоа е вашата стапка на отскокнување (bounce).
Во оваа статија ќе ги опишеме најчесто користените стратегии за зголемување сообраќај. И секако дека не треба да пробате сè одеднаш; видете што функционира најдобро за вас. Откако ќе совладате еден начин, продолжете со следниот.

Мерење на сообраќајот на веб страната со Google Analytics
За да го поттикнете сообраќајот кон вашата веб страна, треба да знаете колку добро ви тече едена кампања или повеќе кампањи кои ги работите во однос на посетите и активностите во одреден временски период за да донесете заклучоци дали е доволно она што го правите. Google Analytics (GA) е одлична алатка која ви овозможува подлабоко да ги разберете перформансите на вашата страна.
Она што го прави GA е да организира големи количини на податоци на јасен начин. Информациите што ги собира оваа алатка ќе ви дадат корисно знаење за тоа како точно посетителите комуницираат со вашата веб страна.
GA ја следи секоја посета на вашата веб страна. Обезбедува прецизни информации за прегледите на страниците, времетраењето на сесиите, стапките на отскокнување, демографијата и многу повеќе. На овој начин можете да ја следите публиката (посетителите) и нејзиното однесување: на кој продукт / услуга најмногу се задржуваат, која секција ви е најпосетувана, или само дошле и веднаш излегле (“се одбиле”).
Колку често треба да проверувате Google Analytics?
Тоа зависи од обемот на сообраќај и ажурирања на содржината на веб страната. Но, по правило треба да го проверувате вашиот GA најмалку еднаш неделно.
Причини за анализа на сообраќај на вашата веб страна
Ќе научите кои се посетителите на вашата веб страна, што функционира на вашата веб страна и што треба да се подобри. Ова знаење и посветување кон деталите ќе ви помогнат да го подобрите сообраќајот на вашата веб страна.
Кој може да користи GA? Секој со Gmail сметка може да користи. Сепак, треба да ја поврзете вашата веб страна со вашиот Google Analytics.
Доколку сте веќе дел од нашето InOne.mk семејство, пишете ни ја вашата Gmail адреса за да ве додадеме на GA.
Привлекување на потенцијални клиенти
Една од работите што треба да ги направите за да го зголемите сообраќајот е да го подобрите рангирањето на веб страната на пребарувачите. Едноставно е: кога луѓето го бараат вашиот тип на бизнис во вашата област или нешто што треба да го понудите, треба да се појавите во нивното пребарување на Google, идеално е да се појавувате на првите неколку страници.
Рангирањето повисоко во резултатите од пребарувачот е процес кој бара време и трпение. Овде доаѓа оптимизацијата. SEO е кратенка за оптимизација на пребарувачи. Како да почнете да ја оптимизирате вашата веб страна за пребарувачите? Со креирање на квалитетна содржина и со оптимизирање за одредени клучни зборови. Клучните зборови претставуваат најчесто пребарувани зборови (термини, реченици) на Google или Bing за да се најде одредена содржина. Постојат неколку алатки кои можат да ви помогнат да го пронајдете најсоодветниот пребаруван клучен збор за вашиот бизнис.
Откако ќе знаете кои се тие клучни зборови, погрижете се да ги споменете и да напишете содржина околу нив на вашата веб страна. На овој начин, луѓето кои ги бараат тие клучни зборови ќе го дојдат до вашиот бизнис.
На пример, ако сте столар што изработува кујни, веројатно би сакале да вклучите клучни зборови како „изработка на кујна“, „столар кој прави кујни“ итн. Тоа е затоа што вашите потенцијални клиенти веројатно ќе ги бараат овие термини на Google или Bing.
Leave A Comment