Сите корисници на Messages на Google отсега со RCS
Writen by Ivsoft
comments 0
По неколкумесечни тестови Google започна со активирање на RCS за сите корисници. Функционалноста веќе беше достапна, но сега основното нагодување е да биде „активна“ за сите корисници. Заедно со ова е додадено E2E криптирање на групните пораки за Google Messages.
Функционалноста треба да е автоматски активирана за сите нови и веќе постоечки корисници на Google Messages. Опцијата е исклучена единствено за корисниците кои претходно го исклучиле RCS.
Покрај криптирањето на пораките помеѓу двајца корисници кое е достапно од пред неколку години, со новата надградба Google ќе овозможи и криптирани групни разговори. За ова е потребно сите учесници во разговорот да имаат активирано RCS на своите уреди. Интересно ако се обидете да ја деактивирате оваа функционалност ќе добиете порака дека ќе бидете исклучени и нема да може да учествувате во групните разговори.
RCS или „Rich Communication Services“ е нов стандард за динамичко и безбедно испраќање на пораки. Стандардот е дизајниран да биде замена за SMS и MMS кои во моментов се сѐ уште актуелни.
RCS позајмува некои од функционалностите на модерните апликации за текст пораки. Така корисниците може да видат дали нивната порака е прочитана или ако соговорникот во моментот пишува одговор тоа е видливо. Дополнително можно е споделување на слики, видеа, аудио фајлови, различни стикери и анимирани слики (GIFs), но и специјални ефекти за пораките. RCS поддржува и групни разговори. Во пораките може да се сподели и локација. Веројатно најважно, овие пораки се испраќаат преку Wi-Fi или мобилен интернет, а не преку SMS.
Како да проверите дали RCS е активен
Новата функционалност би требало автоматски да е активирана за сите корисници. Ако поради некоја причина RCS не е активиран, еве како да го активирате.
Најпрво отворете ги Google Messages. Во горниот десен агол притиснете на вашата слика, или ако немате поставено слика, икона. Одберете „Messages settings“ („Поставки на Messages“ на македонски). RCS нагодувањата се први во отворената листа.
Активирањето на RCS е прво во новите опции. Ако гледате „Connected“, тогаш RCS е активиран. Setting Up значи дека Messages го верификува телефонскиот број. Oва може да потрае неколку минути. Последниот статус е Disconnected, и ова значи дека RCS е привремено недостапен или нема пристап до интернет. Подолу на листата се достапни останатите функционалности, како испраќање на потврда дека сте добиле порака или индикатор дека пишувате порака.
Што е E2E криптирање (E2EE)
Е2Е криптирање (E2EE) е тип на криптирање кој овозможува единствено примачот и испраќачот да имаат пристап и да може да прочитаат податоци наменети за нив. Во овој случај податоците никојпат не се чуваат на трети сервери, па дури и напаѓачот да се здобие со пристап до серверот нема да може да ја прочита комуникацијата.
Голем дел од сервисите за размена на текст пораки како WhatsApp, Telegram, Signal имаат E2EE. Некои од имејл провајдерите како ProtonMail имаат Е2ЕЕ за заштита на корисниците. Skype и Google Voice имаат имплементирана E2EE за своите гласовни разговори.
Leave A Comment