Cursor

mode

Language Support

Drag

Центар за поддршка +38976-27-39-77

Контактирајте нè

Awesome Image Awesome Image

Наш блог Наши објави August 14, 2023

3 апликации за слушање подкасти

Writen by Ivsoft

comments 0


Слушање подкасти знае да биде совршена активност кога сте во движење, или пак кога едноставно сакате да се релаксирате. Независно од тоа какви подкасти сакате да слушате, потребна ви е апликација која ќе ви излезе во пресрет на вашите потреби. Во оваа прилика, одбравме 3 апликации кои би можеле да ве импресионираат со интуитивните интерфејси, но и богатите можности за репродукција.

Во морето од бројни апликации за слушање подкасти, како ултимативни шампиони и понатаму се истакнуваат Google Podcasts и Spotify, но со оглед на тоа дека поголемиот дел од вас веќе сте запознаени со овие две апликации, решивме да одиме со помалку познати, но подеднакво солидни алтернативи.

PodBean, 4.6 оценка, заснована на 190 000 рецензии

За разлика од поголемиот дел од конкуренцијата, PodBean ви дозволува да слушате подкасти во живо и да стапувате во интеракција во реално време! Апликацијата се одликува со интелигентна брзина на репродукција и ви дозволува автоматски да ја прилагодувате брзината во зависност од тоа што слушате. Паралелно со ова, ќе наидете на бројни препораки скроени за вашиот вкус, како и можности за снимање ваш подкаст!

 


Castbox, 4.7 оценка, заснована на 291 000 рецензии

Како и PodBean, така и Castbox може да се пофали со изобилство од функции, алатка која ви дозволува ем да слушате подкасти, ем да се дружите со заедницата од слушатели. При интеракција со подкастите, можете да ја менувате брзината, да ги кратите паузите помеѓу зборувањето, да ја зголемувате гласноста и ред други работи! Апликацијата има одличен систем за препораки и сервирање на подкастите, но бесплатната верзија знае да ве гуши со константното сервирање реклами.

 


Stitcher, 4.6, оценка заснована на 69.500 рецензии

И како трета апликација, сакавме да ја споменеме Stitcher – дом на илјадници подкасти. Преку едноставен интерфејс можете да прилагодување брзина, одстранување тишина, но и да наместите тајмер за автоматско стопирање репродукција. Лесно доаѓате до до подкасти како NPR, Wondery, WNYC, New York Times, Earwolf, Exactly Right и многу други, уредно подредени во категории како политика, комедија, криминал, и слично!

Нашиот читател kirev ни посочи дека по 15 години функционирање, апликацијата згаснува на крајот на овој месец…. 🙁


Тоа беа трите апликации кои би се осмелиле да ви ги препорачаме за слушање подкасти. Во случај да погрешивме во изборот или пак пропуштивме некој навистина добар, дефинитивно кажете ни во коментарите!

Извор: https://it.mk/3-aplikatsii-za-slushane-podkasti/

Tags :

Leave A Comment